Честитајќи го Денот на македонската револуционерна борба, професорката по уставно право Тања Каракамишева предлага Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) да биде дел од Уставот на Република Македонија.



„Вечен нека е Денот и ликот на основоположниците на Македонската револуционерна организација: Дамјан Груев, Иван Николов, Петар Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров. Да ја чуваме идејата и да се бориме за подобро утре на Македонија! ВМРО да биде дел од Уставот!“, напиша Каракамишева на Твитер.