Марк Карни, поранешен гувернер на Банката на Англија, победи на изборите во Канада и стана нов премиер.
Тој положи заклетва на функцијата минатиот месец откако неговиот претходник поднесе оставка, но потоа распиша предвремени избори, со што Канаѓаните повторно ќе излезат на гласачките места во понеделник.
Карни беше првиот небританец на чело на британската централна банка по повеќе од 300 години, а претходно ја водеше својата татковина низ финансиската криза во 2008 година како гувернер на Банката на Канада.
За разлика од повеќето политички кандидати, Карни никогаш не извршувал политичка функција. Сепак, тој убедливо победи на внатрешната трка на Либералната партија за наследник на Џастин Трудо на почетокот на март, а сега е избран по волја на народот.
Во кампањата, тој се повика на своето искуство во справувањето со глобалните економски кризи, надевајќи се дека Канаѓаните ќе го препознаат како лидер способен да се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој воведе трговска војна против Канада.





