Гувернерите на повеќе федерални единици во Канада наредија од рафтовите во државните продавници за алкохол да се повлечат сите американски пијалоци, по воведувањето царини од 25% од САД.
Канадскиот премиер Џастин Канадскиот премиер Џастин Трудо апелираше граѓаните да ја „изберат Канада“ кога ќе одлучат да купат производ,
Најмногу секако настрада омилениот бурбон „Џек Дениелс“ кој се произведува во Кентаки, а повлечени се и румот „Бакарди“, водката „Титос“ и многу други пијалоци со ознака „Made in USA“.
Трудо ги повика канадските граѓани да ги преиспитаат своите планови за одмор доколку претходно размислувале за оддмор во САД.
Канадскиот премиер најави дека Канада ќе воведе царина од 25% за стоки од САД во вредност од 155 милијарди канадски долари како одговор на тарифата наметната од Доналд Трамп за стоки од Канада.






