Димитрис Каменос: Секој што ќе предложи „Македонија“ ќе биде уништен

„Предлогот за име ‘Македонија’ нема да помине во Парламентот. Кој и да го поднесе, ќе биде политички уништен… Грчкиот народ ќе извади еден милион луѓе на вториот митинг“, изјави вечерва на АНТ 1 пратеникот на Независни Грци (АНЕЛ), Димитрис Каменос.



Со своите коментари Каменос почнува да станува досаден, забележуваат грчки медиуми.

Пратеникот на АНЕЛ ја отфрли можноста за прераспределување на силите на грчката политичка сцена со евентуално раскинување на „сојузот“ со левичарската СИРИЗА.

Недела на критични консултации за името на Македонија почнува утре по контактите на премиерот Алексис Ципрас со политичките лидери, а во Атина доаѓа и медијаторот Метју Нимиц, кој в среда ќе допатува и во Скопје.

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, токму за утре свика состанок на пратеничката група и на Извршниот комитет на партијата.