Изјави за проблемот околу таканареченото „скопско прашање“ дадоа Панос Каменос и грчкиот МНР Никос Коѕиас, веднаш по средбата на неколку министри од грчката влада со премиерот Алексис Ципрас на кои требаше да се расправа за позициите на Грција во пресрет, на како што се најавува, финалното решение на спорот со иместо со северниот сосед..
„Преговорите треба да продолжат, изјави Панос каменос лидер на партијата Независни Грци. Имам доверба во Министерството за надворешни работи. Г-дин Коцијас не е како Андонис Самарас или Бакојани, рече лидерот на АНЕЛ критикувајќи ги министрите нза надворешни во времето на премиерот Константинос Мицотакис кога почна спорот со името и бакојани, министерка во владата на пшремиерот Караманлис во чие време се случи самитот на НАТО во Букурешт..
„Преговорите ќе бидат тешки и политичките сили треба да го формулираат финалното национално решение, рече Каменос.
„Грчкиот термин Македонија е национална позиција, јас инсистирам на тоа, и се надевам дека решението ќе ги заштити националните интереси, а во исто време да бидат прифатливи за целиот политички свет“, изјави Каменос.
Земајќи ги предвид фактите што спорот со името во Грција се претвори во внатрешен проблем, но и тоа дека не постои конкретно име и официјален предлог на маса, состанокот во премиерската палата повеќе требаше да има внатрешно-политички карактер во смисла за доближување на различните позиции на партиите, пред се во владејачката коалиција Сириза – независни Грци.





