Лидерот на националистичката „Независни Грци“ и актуелен министер за одбрана инсистира на неговиот предлог идното име на северниот сосед да биде „Вардарска“.
Постојат словенски термини, како што е Вардарска, што може да се користат и кои нема да го содржат терминот Македонија и која ние ги прифаќаме, вели Каменос.
Но, не и „нова“ ниту „горна“ Македонија.
Денеска, тој на Твитер објави мапа на Југославија од 1937 година (Кралство Југославија), каде што стои името Вардарска.
Министерот за одбрана во неделата повика на референдум за прашањето за името на пЈРМ, пишуваат грчки медиуми.





