Камала Харис ја најави својата кандидатура за претседател откако Бајден се повлече

Потпретседателката на САД, Камала Харис, рече дека е почестена што Џо Бајден ја поддржал, откако тој денеска се повлече од трката, а набргу потоа ја поддржа Харис како негова замена во претседателската трка.



Таа му се заблагодари на Бајден за неговото „извонредно лидерство“ и што направил „несебичен и патриотски чин“ со повлекувањето од претседателската трка.

„Чест ми е што сум поддржана од претседателот и имам намера да ја заслужам и да ја освојам оваа номинација. Ќе направам сѐ што е во моја моќ да ја обединам Демократската партија – и да ја обединам нашата нација – за да го поразиме Доналд Трамп и неговата екстремна програма Проект 2025. Имаме 107 дена до денот на изборите и заедно ќе победиме“, рече Харис.