Анкети спроведени пред актуелниот американски претседател Џо Бајден да се откаже од трката за втор мандат покажуваа дека Камала Харис заостанува зад Трамп со 2 процентни поени, 46% спрема 48%.
Според истите истражувања на јавното мислење Бајден заостанувал три проценти односно 44% зад 47% поддршка за Трамп.
Анкетата на клучните сојузни држави спроведена по обидот за атентат врз Трамп и пред да се повлече Бајден покажа дека Харис заостанува зад Трамп за еден процент во Пенсилванија и води со пет процентни поени во Вирџинија.
Нејзината поддршка меѓу жените, помладите гласачи и црните гласачи е посилна од онаа на Бајден, пишува Њујорк Тајмс.
По повлекувањето на Бајден, 50 претседатели на Демократската партија од сојузните држави ја поддржаа Камала Харис како нов претседателски кандидат кој ќе му се спротивстави на републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.






