Потпретседателката на Соединетите Американски Држави Камала Харис официјално ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседател на последниот ден од Националната конвенција.



Таа ја прифати номинацијата „во име на народот“ и вети дека ќе биде „претседател на сите Американци“, повикувајќи ја земјата „да оди напред“ во единство.

Во својот говор, Харис вети дека ќе создаде „економија на можности“ и „да изгради средна класа“.

Харис рече дека „секој ќе има шанса да се натпреварува и шанса да успее, без разлика дали живее во рурална област, мал град или голем град“.

За време на Демократската национална конвенција, Харис рече дека нејзиниот  противник Доналд Трамп е „несериозен човек“, но предупреди дека последиците од неговото враќање во Белата куќа ќе бидат „исклучително сериозни“.

Харис тврдеше дека Трамп нема да ги искористи „огромните овластувања“ што доаѓаат со американското претседателство за да ја подобри националната безбедност и животот на Американците, туку „ќе му служи само на еден клиент – на самиот себе“.

Американската потпретседателка, исто така, тврдеше дека Трамп ќе ги затвори новинарите и политичките противници, како и секој друг што „го гледа како непријател“.