Каков оптимизам – Битиќи ветува „европска“ железница

Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи на свеченоста што се одржа по повод 151 година од основањето на Македонски железници.Битиќи посочи дека либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава, а спомена и дека треба Македонија да ја искористи својата стратешка локација на Балканот.



Битиќи споменува дека стратешката локација со модерната пруга што еден ден ќе се изгради ќе нè поврзува со грчкото пристаниште во Пиреја.