Северна Македонија стана Северна Маријана во гаф на Стејт Департментот на САД кога државниот секретар Ентони Блинкен наместо македонско знаме на Твитер стави национален симбол на оваа помала пацифичка територија.
Се разбира дека државниот секретар на САД немал намера да ја понижи Македонија но сепак горко е чувството дека стратешкиот партнер на Македонија од 2008 година го помешал знамето на Северна Маријана со македонското.
Изборот на Северна Маријана наместо Македонија има уште една симболика. Оваа територија не е самостојна држава.
Северните Маријански Острови, официјално Комонвелтот на Северните Маријански Острови е неинкорпорирана територија и комонвелт на Соединетите држави на 14 острови во северозападниот дел на Тихиот Океан. CNMI ги вклучува 14-те најсеверни острови во архипелагот Маријана; најјужниот остров, Гуам, е посебна територија на САД. Северните Маријански Острови беа наведени од страна на Обединетите нации како територија која не е самоуправна до 1990 година.
Вчера напладне по американско време се случи дипломатски и протоколарен скандал со македонското знаме во објава на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Во објавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен со наслов ,,Ние сме НАТО” (We are NATO) на која се сите министри за надворешни работи од членките на алијансата меѓу сите знамиња на членките на НАТО го немаше само македонското знаме.
На фотографијата се наоѓа и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи но знамето под кое е тој претставен не беше на Македонија.
Скандалот технички траеше кратко затоа што Блинкен го смени статусот и го постави македонското знаме.
Засега од официјален Вашингтон нема извинување за гафот со македонскиот национален симбол.






