Како се станува судија или обвинител во Македонија?

Откако случајот со младата Фросина која беше згазена од 20 годишно момче со криминално досие пламна во јавноста, не стивнуваат реакциите за корумпираното судство.



Адвокатот Умејр Мухамети даде објаснување како во државава се станува судија или обвинител.

„Ајде на кратко да објасниме како де факто се стигнува да се биде Судија или Обвинител во Македонија.

Бидејки има куп правни факултети во државата па да претпоставиме дека еден кандидат дипломирал и магистрирал и да почнеме директно од правосудниот испит.

Правосудниот испит се полага пред Комисија, концептот на полагање во принцип е одличен арно ама иако испитите се полагаат усно, на кандидатот не му се кажува одма пред сите други кандидати дали положил или не, што е многу нелогично ама бидејки сегде сакаме кривини да правиме тоа е така за тие што треба да поминат а не се спремни истите кога ке ги објават резултатите ке ги гледате положени, исто така се препишува на големо, замислете за да дојдете да правосуден треба сте дипломиран и магистриран, што значи дека тој што препишува на правосуден тој така и дипломирал и магистирал.