„Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила околу 52 илјади денари, сума со која живее четиричлено семејство цел месец# реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот на екс министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска која на службено патување во Лондон, трошела народни пари за свои потреби од службената картичка.



Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како и да е вакви појави не може да останат неказнети. Трошење на народни пари за лични потреби не е дозволено и тоа треба секому да е му е јасно. Едно е јасно овој случај со Бисера Антоанета е само почеток. Денес продолжуваме да го откриваме расипничкото однесување на претходната власт“, велат од партијата и додаваат:

„Граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари и тоа никако не смее да се лични потреби на министри, функционери, затоа секој кој не го почитувал правото ќе одговара“.