Како Македонија може да се вклучи во трката за медал на Светското првенство во ракомет кое влегува во финалната фаза.
Да имавме спортска среќа и да не ги загубевме двата бода со Австрија и Унгарија сега ќе беше извесно да се надеваме на пласман меѓу осумте најдобри.
Според резултатите и позициите на табелата Македонија засега има само минимални шанси да го освои второто место кое носи четвртфинале и продолжување на битката за медали.
Сепак со ваква добра игра македонските ракометари во комбинација со спортскиот оптимизам дава некаква надеж дека Кузмановски и другарите предводени од Кире Лазаров може да се вклучат во трка за највисок пласман.
Предуслов за да се оствари сценариото Македонија во трка за медали е победа против Франција в Сабота навечер што е тешко остварливо но не смее целосно да се отфрли.
Франција е апсолутен победник но се е можно ако се земе дека триколорите до сабота треба да имаат 8 бода и обезбедено прво место на табелата.
Ако Франција се чува за четвртфинале а Македонија го изигра својот меч на деценијата, има спортска среќа и момците изгинат на терен може да се размислува оптимистички.
Вториот пакет услови е вечерва Франција да ја победи Холандија а Австрија и Унгарија да одиграат нерешено што со оглед на квалитетот на двете екипи не е невозможно.
Во таква ситуација Македонија саботниот меч ќе го дочека со 4 вода колку што ќе имаат Австрија, Холандија и Унгарија но македонскиот тим ќе биде веднаш зад Франција поради подобрата гол разлика.
Следен услов е в сабота Катар да ги победи Унгарците а австријците и холанѓаните да одиграат нерешено.
Теоретски и победа на Австрија може да ни донесе пласман во четвртфиналето и битка за медали но само ако австријците победат минимално а ние ја победиме Франција со повеќе од два гола разлика.
Сите наведени сценарија се само теоретски можни но во спортот и во животот се е можно и Македонија со својот одличен состав предводен од Кире Лазаров може и има право да се надева на чудо.
Најчитани статии
Како екс грчки премиер ја нарекувал Македонија во официјални документи (ФОТО)






