Секој обид да се ускрати нечие право ме потсетува на романот на Џорџ Орвел „1984“ каде има дело зломисла каде не смееш ни да помислиш нешто што не е дефинирано во параметрите како подобни од системот, вели новинарот Богдан Илиевски, во интервју за „Република.



По обвинувањето од ЗНМ и ССНМ ширел говор на омраза тој најпрво побара извинување, а откако тоа не се случи реќе дека ќе туѕжи и ќе бара 1.984 евра oштета кои, пак, ќе ги донира во хуманитарни цели.

ЗНМ оди на суд, ќе треба да докаже дека не клеветеле новинар кого сакаат да го пратат на робија

„Навистина не ми е јасно како едно поставено прашање „добро зошто“ може да биде поттикнување на говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство, прашува водителот Богдан Илиевски за случајот кој против него го покренаа ЗНМ и ССНМ за наводен говор на омраза против новинарката Лепа Џундева.

„Затоа откако не добив извинување ќе поведам постапка пред институциите и ќе побарам симболична оштета од 1984 евра и тие пари ќе ги донирам и нема да задржам ниту еден цент.Во постапката тие ќе треба да докажат дека не ме клеветеле дека сум потикнал омраза а имајќи предвид дека моето дејство е „добро зошто“ ќе треба да докажат дека тоа прашање поттикнало омраза.

Не смее никој едно прашање да го карактеризира како омраза бидејќи нашата работа е да поставуваме прашања.Наше уставно загарантирано право е да имаме став и слободно мислење… вели Илиевски.