Полицијата во Скопје привела четворица членови на партијата Левица кои попладнево излегоа на плоштадот во Скопје каде се одржуваше презентација на воената опрема на САД и на АРМ.
Припадниците на полицијата ги опомомене демонстранти кои носеле транспарент на кој пишува „Против војната за профит!“, да се тргнат подалеку од плоштадот Македонија со транспарентот и да протестираат, а демонстраните се повлекле на вториот спрат од Градскиот трговски центар. Таму повторно дошла полицијата и привела четворица од демонстрантите. Сето ова го соопштуваат од политичката партија од која велат и дека имало насилно однесување на полицијата, а Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски демантира дека имало примена на сила и апсење.
НВО Цивил објави видео од настанот.




