Американски рапер, актер и продуцент на Азурниот брег ја промовираше серијата „Моќ“ во која самиот игра, и плус е главен продуцент. Серијата беше инспирирана од неговиот бурен живот, и ни открива каков шеф бил или е, и дали му се плашат неговите вработени. 50 Cent, потсетуваме во еден период беше петиот најбогат репер во светот.
„Мислам дека сум добар. Луѓето околу мене не се жалат многу“, вели 50 Cent, откако го прашаа каков е како шеф.                                                                                Серијата постигнува успех, гледаноста е дури на нивото на „Игра на тронови“ од првата сезона. Тој е среќен, но се чуди зошто серијата не е номинирана и не е добитник на некоја награда, а судејќи според бројките, заслужува.



„Понекогаш треба да се банкротира. Тоа е апсолутно паметен потег. Со сите тие тужби. Иако ти се чини дека јавноста те сака, штом започне паѓањето веднаш доаѓаат тужби и се се менува. Тоа е тоа” вели 50 Cent.