Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова изјави дека гледа три опции за состав на Влада по предвремените парламентарни избори.



Првата опција е да се формира малцинска влада без да се влезе во вистинска коалиција.

Втората опција е влада со најавени коалиции.

Третата опција е да се направи техничка влада, јавуваат бугарски медиуми.

Илијана Јотова не исклучува дека по изборите ќе има големи преговори за тоа кој ќе биде премиер.

Таа не очекува намалување на политичката тензија, но се надева дека новиот предлог за в.д. премиерката Горица Гранчарова-Кожарева ќе ја смири ситуацијата.

Според неа, општеството е сведок на уништување на парламентаризмот во Бугарија со штетните измени на Уставот.