,,Кажете им од утре да не идат на работа” – Пеколна порака од владата за здравствените работници со Договор на дело


Заменик министерката за здравство од СДСМ Маја Манолева е крајно лево на фотографијата



,,Кажете им од утре да не идат на работа”, ова е дел од пеколната порака која од владата пристигнала денеска со менаџерите на здравствените уставни низ Македонија.

Во пораката до директорите на болниците и други здравствени институции се бара тие да го известат сите медицински работници со Договор на дело од вторник да не доаѓаат на работа.

,,Почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело. Треба да ги известите вработените со договор на дело од утре да не доаѓаат на работа”, стои во пораката која ја добиле директорите од владата.

Во пораката стои и дека ако во меѓувреме се добие согласност здравствените работници со договор на дело ќе бидат повторно вработени.

Дело од директорите кои ги комуницираше expres.mk велат дека се обиделе да контактираат со заменичката министерка за здравство од СДСМ Маја Манолева но не успеале да дојдат до неа ниту до некој одговорен член на владата.

Во Македонија има над 3000 здравствени работници со договор на дело. Не е познато колку од нив сега се бркаат од работа.

Одлуката носи пекол за сите избркани

Возач на итна помош со 4 деца по 9 години избркан од работа – Предизбирен поздрав за ,,договорците” во здравство од владата