„Кадровско освежување“ во ДУИ: Џафери како шеф на политичкиот штаб со Ахмети ќе „варди“ „никој да не го поткопа Рамковниот“

„Вечерва на настан, исполнет со ентузијазам и посветеност, во присуство на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и нејзини стотици членови и симпатизери, Талат Џафери е избран како шеф на политичкиот штаб на партијата. Демократската унија за интеграција.“ – соопшти оваа партија преку својот официјален фејсбук-профил.

ДУИ натаму наведува: „Лидерот Али Ахмети дека партијата нема да толерира поништување на постигањата на Албанците, оти ниту една политичка група нема да може да им наштети на правата и интересите на Албанците. Тој ги увери присутните дека ќе се искористи секој расположлив демократски механизам за да се спречи каков било обид за поткопување на темелните елементи на Охридскиот договор, кој останува важен столб на стабилноста и еднаквоста во земјата.“



„ДУИ останува посветена кон зачувување и унапредување на правата на Албанците и ќе продолжи да работи за поправедна и подеднаква иднина за сите граѓани на * Македонија.