Кадриу: Јас и другиот албански судија ќе го бојкотираме Уставниот суд, оти нѐ надгласуваат за албанските национални прашања!

„Јас и другиот албански судија во Уставниот суд одлучивме да ја бојкотираме неговата седница за законот за јазиците, бидејќи во Уставниот суд нѐ надгласуваат во врска со албанските национални прашања! Ако ја укине Уставниот суд одредбата, која содржи именување ‘албански јазик’, тогаш со право ќе се постави прашањето: дали имаме закон за албанскиот јазик како службен јазик, или нема да постои таков закон, со кој се идентификуваат Албанците? Собранието го има последниот збор да  преземе правни и политички мерки за обезбедување на албанскиот јазик!“ – нагласи уставниот судија Осман Кадриу во изјава за телевизијата на албански јазик Шења .



Телевизијата објави: „Акo Уставниот суд ја укине и одредбата за именувањето ‘албански јазик’, тогаш доаѓа до израз непостоење на законот, со кој се идентификуваат Албанците.“ – ова го изјави уставниот судија Осман Кадриу. Тој нагласи дека се спорни 18 одредби, а не само 3, како што се зборуваше за сето време во јавноста.

„Она што е најважно и што треба да се знае особено за Албанците, е тоа што законот е посветен на албанскиот јазик како службен јазик на рамниште на државата. Се оспорува и именувањето со поимот ‘албански јазик’ во наведениот закон. Ако се случи Уставниот суд да ја укине одредбата, која споменува ‘албански јазик, тогаш со право се поставува прашањето: дали имаме закон за албанскиот јазик како службен јазик, или таков закон нема да постои?“ – посочи судијата Кадриу.

Тој вели дека Уставниот суд е свесен дека не може да го укине целиот закон, туку само неколку негови одредби, но и прашува што ќе се случи со другиот дел на законот, ќе може ли да се осигури примена на албанскиот јазик? „Свесен е и Уставниот суд дека не може да се укине целиот закон, но може да се поништат некои одредби. Проблемот е: и да се укинат некои одредби, што ќе биде со другиот дел на законот, што ќе остане во сила? Дали ќе може да се применува тој дел, да се осигури употребата на албанскиот јазик, или нема да постои таква можност?“ – наведува  Осман Кадриу.

Тој нагласи дека Собранието го има последниот збор да  преземе правни и политички мерки за обезбедување на албанскиот јазик. Во врска со бојкотот на седницата на Уставниот суд за законот за јазици, кој го најавија тој и другиот албански судија, Кадриу рече дека ваква одлука донеле, бидејќи ги надгласуваат во Уставниот суд во врска со албанските национални прашања. – објави ТВ Шења.