По кампањата во Холандија во која граѓаните се предупредуваат да внимаваат на „бугарските разбивачи на брави“, од Бугарија стигна жестока реаакција преку европратеникот Ангел Џамбаски.
„Како би реагирале холандските власти и граѓани, ако бугарската полиција почне да ги предупредува граѓаните да се чуваат од “холандската педофилија“ на пример“ вели европратеникот Ангел Џамбаски во писмо доставено до јавноста, поради навредливата антибугарската кампања во која, преку видео клип, се предупредуваат граѓаните да се пазат од „бугарски разбивачи на брави“, пренесуваат бугарски медиуми.
Според Џамбаски, властите во Холандија продолжуваат да шират скандалозен видео клип во кој ги повикува граѓаните на земјата да се чуваат од грабежи по таканаречениот „бугарски метод“.
За европратеникот тоа е срамно, дискриминаторско и „во никој случај не се вклопува во т.н.европски вредности кои Холандија тврди дека ги споведува“.
Полицијата во Кралството Холандија го опишува „бугарскиот метод“ како кршење на цилиндрична брава. Со овој метод крадците можат да влезат во стан рок од една минута.
Според Џамбаски, инаку член на партијата ВМРО-БНД, мало истражување на интернет покажува дека овој метод е меѓу најраспространетите, бидејќи е доста едноставен и не се потребни скапи алати.
Џамбаски потсетува и дека ова не е прва ваква антибугарска кампања на високо државно и институционално ниво во Холандија – а во писмото се наведуваат „антибугарската кампања, предводена од политика Герт Вилдерс, како и неодамнешните скандалозни тврдења на холандски и белгиски европратеници кои ја обвинуваа Бугарија, дека нивните турски гласачи биле принудени да плаќаат вињетки во Бугарија.
Џамбаски инсистира Кралството Холандија веднаш да поднесе формално извинување до Бугарија.





