Пред една недела се случила во германскиот град Есен, Македонка била убиена од нејзиниот сопруг, пишува „Билд“.



Жената (41) била избодена од сопругот, најверојатно пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Нејзините повреди биле толку тешки што искрварила до смрт.

Според германските медиуми постариот син (16) на жртвата ја известил полицијата за ужасниот настан.

Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот.

Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката, но за жал залудно.

За убиството бил осомничен 47-годишен осомничен (Македонец), кој е сопруг на починатата жена.

Полицијата осомничениот кој бил во бегство,  успеала да го уапси без отпор од службите за итни случаи од соседниот град.

Погребот за жената која потекнува од Кавадарци ќе биде извршен денеска во 9.30 на градските гробишта во Есен.