Исчезнатата Лидија е жената чие тело е пронајдено во Вардар

Скопјанката Лидија Трајковска (43), која исчезна од својот дом на осми ноември 2024 година е пронајдена почината.



Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзината сестра Билјана и братот Александар Јоциќ.

Телото, пред шест дена во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност.
Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко…
Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање“, вели братот и сестрата на Лидија.

Пронајдени предмети во сопственост на исчезнатата Лидија, во потрагата вклучен и дрон