Продолжува „трендот“ Непалци кои добиле работа во Македонија „да исчезнуваат“ баз најава, а најверојатно дестинација им е некоја од западноевропските земји.



Пак избегаа Непалци додјдени за работа во Македонија

Во изминатиов период најпрво исчезнаа 6 жени, работнички во прилепска фирма дојдени од Непал, потоа уште десетмина вработени во туристички објекти во Охрид.

Шестмина вработени во скопска фирма исчезнаа на 14 јуни…

Овој пат, седумтемина Непалци кои работеле за две скопски фирми, „исчезнаа“ вчера речиси истовремено, информираа од МВР.

„Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата.

Останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддаелечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од МВР.