Во Полициската станица Карпош вчера во 10.30 часот, В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале, јави МИА



Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 „Трендот“ Непалци кои добиле работа во Македонија „да исчезнуваат“ баз најава продолжува, а најверојатно дестинација им е некоја од западноевропските земји.

Во изминатиов период најпрво исчезнаа 6 жени, работнички во прилепска фирма дојдени од Непал, потоа уште десетмина вработени во туристички објекти во Охрид.

Шестмина вработени во скопска фирма исчезнаа на 14 јуни…

Седумтемина Непалци кои работеле за две скопски фирми, „исчезнаа“ на 20 јуни речиси истовремено.

„Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата.

Останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддаелечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од МВР.