Исплатата на паричните средства од „Мој ДДВ“ за периодот април, мај и јуни нема да започне пред да се донесе ребалансот на Буџетот за 2024 година соопшти директорката на УЈП, Елена Петрова.



Причина е што во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени доволно средства за исплата, јавува 360 степени.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, се очекува ребалансот на Буџетот за 2024 година да биде усвоен во втората недела од август, по што, како што вели, ќе започне консолидација на затекнатите состојби.