Исмаили: Треба и Венко Филипче да биде меѓу обвинетите за модуларната болница во Тетово, во која изгореа 14 луѓе!

„Треба да се најде на клупата на обвинети за изгорената модуларна болница и Филипче, поранешниот министер за здравство, сега лидер на СДСМ!“ – изјави Мумин Исмаили, роднина на една од жртвите во изгорената модуларна болница, искажувајќи го својот револт по одлуката на Кривичниот суд во Тетово да ја откаже денешната седница за повторно судење за случајот со опожарувањето на модуларната болница во Тетово  и да ја  презакаже за 5 ноември. Ова го објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Мумин Исмаили кажа дека има и други лица, кои треба да бидат обвинети во овој случај, каде што животот го загубија 14 лица. „Овде треба да биде и Филипче, поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ . Во овој случај постои голем синџир на луѓе, кои треба да бидат обвинети, не само овие двајца, што се веќе обвинети. Државата овде донесува само двајца обвинети и така играат со нас.“- кажа Исмаили.