Искршени вратата и прозорецот на црквата „Цар Константин и царица Елена“ во Штип

Во саботата наутро во СВР Штип, било пријавено дека непознат сторител ја искршил влезната дрвена врата од црквата „Цар Константин и царица Елена“ и скршил стакло од прозорец на помошна просторија, но не одзел ништо.



Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).