Иранските фудбалери Масуд Шоџаи и Ешан Хајшафи најверојатно ќе бидат исфрлени од репрезентацијата откако играа за грчкиот Паниониос против израелски Макаби Тел Авив во третиот квалификациски круг на Лига Европа.
Агенција „Мизах“ го пренесе генералниот директор на Министерството за спортот Мохамед Џабад Абабаф, кој рече дека има „голема можност“ фудбалери да добијат забрана за настап во националниот тим. Иранските спортисти обично избегнуваат да се натпреваруваат против Израелци, со оглед на непријателството меѓу двете нации. Шоџаи и Хајсафи не патуваа на првиот натпревар против Макаби во Израел, но под закана се вратија во составот на Паниониос за реваншот во Грција.




