Институтот за духовно наследство на Албанците од Скопје, државно финансиран од РМ – соорганизатор на „академијата за УЧК“ во Приштина!

„УЧК е сублимат, возвишена суштина на борбата за слобода на албанскиот народ во Косово и на другите територии под Југославија, на неопходноста да се легитимира неговата борба за слобода и независност.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор денес, на 17 ноември 2024 година во Приштина  на тамошната свечена академија по повод 30-те години од формирањето на УЧК во Косово, со одлуката донесена на 17 ноември 1994 година. Информација за ова објавија ТВ 21, „Тетова сот“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и во регионот. Али Ахмети, сега лидер на ДУИ, произлезена од некогашната УЧК во Македонија, не случајно присуствуваше на оваа свечена академија во Приштина. Во официјалната биографија на Али Ахмети, поставена на интернет-страниоцата на ДУИ, пишува дека „тој бил член на раководството на Народното движење на Косово уште од 1988 година“ и оти потоа „ја раководел и револуцијата на Албанците воМакедонија во 2001 година“! Медиумите на албански јазик во своите информации во врска со овој настан во Приштина, објавуваат и еден детал, кој посебно паѓа во очи: „Оваа свечена академија по повод 30-те години од формирањето на УЧК беше организирана од Здружението Движење, организациите произлезени од борбата на УЧК, Институтот за духовно и културно наследство од Скопје и Здружението на политичките затвореници“. Се наметнува прашање: Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Македонија, со седиште во Скопје, кој се финансира со пари од државниот буџет на Република Македонија, како и зошто се појавува во улога на соорганизатор на манифестацијата за одбележување „тридецениски јубилеј на УЧК“ во ентитет надвор од Македонија?! Каква поврзаност имаат „духовното и културно наследство на Албанците од Македонија“ – основната дејност на овој институт, со „борбата на УЧК за слобода на албанскиот народ во Косово и другите територии под Југославија“?!



Покрај другото, во врска со овој настан во Приштина ТВ 21, „Тетова сот“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и регионот го објавуваат и ова:  „Говорејќи за периодот на окупирањето на Албанците од страна на поранешниот режим и на одземањето на сите нивни права, поранешниот член на претседателството на Народното движење на Косово Рамадан Авдиу нагласи: ‘Албанците од Косово, како и Албанците во Македонија и другите окупирани територии, останаа на истите позиции како и претходно: окупирани, угнетувани, дискриминирани, без никакви политички права… Оваа ситуација влијаеше врз голем дел од албанскиот народ да се најде во депресивна состојба на безнадежност и без изгледи за преживување. Во овие околности, структурите и членството на Народното движење на Косово, кои беа единствената сериозна сила, размислуваа за промена на стратегијата на отпорот и од протестни манифестации да преминат кон оружено востание.“.

Али Ахмети, сега во улога на лидер на ДУИ, произлезена од некогашната УЧК, не случајно присуствуваше на оваа свечена академија во Приштина. Во неговата биографија, поставена на интернет- страницата на ДУИ, пишува дека тој бил член на раководството на Народното движење на Косово уште од 1988 година и оти „ја раководел револуцијата на Албанците во Македонија во 2001 година“!

„Во 1988 година Али Ахмети е избран како член на претседателството на Народното движење на Косово. На таа функција е избран повторно во 1993 година, со посебни должности во воениот сектор. Во 1998 година на почетокот на војната во Косово Али Ахмети беше избран како член на Генералштабот на УЧК – Ослободителната војска на Косово. Од 1993 до 1998 година Али Ахмети беше дел од делегациите на раководството на Народното движење на Косово и на Генералштабот на УЧК на Косово на средбите со лидерите на официјална Тирана. На Собранието на Народното движење на Косово, одржано во Призрен во јуни 1999 година, Али Ахмети донесува одлука редовите надвор од територијата на Косово да продолжат со нивното илегално организирање. Во 2001 година Али Ахмети е избран како врховен командант и политички претставник на Народноослободителната војска УЧК во Македонија и раководеше со револуцијата во 20001 година.“ – стои во таа официјална биографија за Али Ахмети.