, извршија
При вонреден инспекциски надзор во див магацин во скопската населба Маџари, каде нелегално се складирала храна инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со полицијата откриле 40.751 килограм небезбедни производи, меѓу кои сувомеснати и кондиторски артикли.
Тие веднаш биле уништени.
Дополнително, полицијата запленила комбе во кое биле откриени уште 360 килограми небезбедна храна, јави Плусинфо
„Пратките биле складирани кај дистрибутер кој имал законска обврска да ги уништи, но наместо тоа, добил фиктивна потврда од овластена депонија. Ова претставува сериозен криминал кој директно ја загрозува безбедноста на храната“, велат од АХВ.
За прекршувањето, на операторот со храна му е изречена казна од 18.000 евра, додека одговорното лице е казнето со 1.500 евра. АХВ продолжува со засилени контроли за да спречи вакви злоупотреби и да ја заштити безбедноста на граѓаните.






