Инспектори во акјција: Колку „паднаа“ цените од „Новогдишната кошничка“

Со мерката како што претходно беше најавено од страна на Владата, граѓаните ќе можат да набавуваат поевтини производи за 10%.



Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши соопшти дека со мерката ќе може директно да им се помогне на граѓаните преку подобрување животниот стандард и празниците да ги поминат во пристојни услови.

Производите кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите со посебна ознака, појасни Дурмиши.

Листата на производи како што нагласи, не е затворена, а Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на терен со цел утврдување на злоупотреби на мерката, и доколку истите бидат регистрирани како што најави ќе се пишуваат казни.

Дурмиши апелираше до компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која сами тие ја имаат креирано а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната на инспекторатот.

Директорот на пазарниот инспекторат, Влатко Стојкоски без прецизен одговор дали трговците ги зголемиле цените 30 дена пред да почне „новогодишната кошничка“ и дали Владата е изиграна.

„Постапуваме по Законот за заштита на потрошувачи. Кога е акциска продажба се утврдуваат цените во изминатите 30 дена“.

На забелешката дека инфлацијата во ноември пораснала токму во делот на храна и пијалоци и дека тоа покажува дека некој во ноември ги зголемувал цените во тој дел, тој укажа дека законот е јасен.

На прашањето за можни казни доколку имало злоупотреба тој рече дека Законот за потрошувачи е јасен.

„Се надевам дека трговците, ова е нивна иницијатива и се надевам дека ќе ја почитуваат и се надевам дека на дело ќе ја изразат нивната општествена одговорност а пред се тука се граѓаните да судат. Втор ден е од акцијата, ние вчера бевме на терен имаме генерално ситни забелешки но денеска имаме информација дека се отклонети“.