Легендата на македонскиот женски ракомет Индира Кастратовиќ доби ново признание со вклучувањето во Куќата на славните на Европската ракометна федерација.
Вкупно 21 поранешен ракометар за „нивните извонредни постигнувања и придонес за европскиот ракомет“ ќе бидат почестени на гала свеченост на 14 декември во Виена, меѓу нив и десниот бек на некогашниот европски првак Кометал Ѓорче Петров и на репрезентацијата на Македонија.






