Името ли е проблем – Македонска филхармонија со молк за ,,Македонисимо” на Симон Трпчески

На веб сајтот на националната институција Македонска филхармонија нема никаква информација за настанот на сезоната во македонската музика.



На сајтот на Македонската Филхармонија има информации за тековни настани од сезоната 2023-24 но нема ништо за македонската премиера на оркестарската верзија на ,Македонисимо” на авторите Панде Шахов и Симон Трпчески чие дело ќе се изведува со Камениот оркестар ,,Ајга”.

Концертот за кои карти има се помалку ќе се одржи во зградата на Македонската Филхармонија на 1 Април со почеток во 20 часот.

Добро информирани извори во македонската сериозна музика тврдат дека менаџментот на Македонската Филхармонија не смее ниту да го промовира проектор на Симон Трпчески и Панде Шахов ниту да го организира.

Политичката номеклатура на власт има проблем со ,,Македонисимо”, дело кое се доживува како културен напад врз власта која инсистира на Севернизација, тврди упатен музичар кој важи за децениски поддржувач на СДСМ а кој сега се срами што некогаш бил дел од таа политичка опција.

Маестро Симон Трпчески кој е изведуван на сите континенти во над 50 држави на светот пред концертот во својата земја ја упати следнава порака:

01 АПРИЛ 2024, МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, 20:00 ЧАСОТ
МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА ОРКЕСТАРСКА ВЕРЗИЈА НА МАКЕДОНИСИМО
Почитувани,
По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, нашиот Камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп Ви ја претставуваат македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО.

Влезниците се во продажба на 👇👇👇

МАКЕДОНИСИМО македонска оркестарска премиера


Се гледаме на 01 април во Македонска Филхармонија 🎶🎵