Во траорна тишина, роднини, пријатели, граѓани молкум стигнаа на градските гробишта во Кочани за да им оддадат почит на загинатите во пожарот што доживеа трагедија.
Погребната церемонија е обезбедувана со полиција и редарска служба. Присутни се бројни новинарски екипи од земјава и од странство кои снимаат и фотографираат од пооддалечено место, според предвидениот протокол, за да не се повредат чувствата на семејствата.






