Илјадници демонстранти вчера излегоа на улиците на Шпанија, како увертира на неделниот голем протест против „израелскиот геноцид во Палестина“, барајќи од премиерот Педро Санчез да воведе санкции кон Израел.



„Нетанјаху, убиец, Бајден, убиец! извикуваа жителите кои маршираа низ мадридската населба Валекас но и во Барселона носејќи палестински знамиња.

„Палестина ќе победи“, гласеше транспарентот на чело на поворката.

Демонстрантите се огорчени од поддршката на ЕУ и САД за Израел, чија армија уби 34.000 палестински цивили во Појасот Газа и стотици на окупираниот Западен Брег во текот на шест месеци.

Израел го отфрла мировното решение кое вклучува палестинска независност.

САД во четвртокот ги блокираа Обединетите нации да ја прифатат Палестина како полноправна членка.