Илон Маск „гасне“ профили на турски опозиционери на „Х“

 

Социјалната мрежа „Х“ на Илон Маск суспендираше неколку сметки на опозициски фигури во Турција поради широките граѓански немири во земјата, јавува Политико.



Маск, самопрогласен заштитник на слободата на говорот, рече дека го купил „X“ за да го врати слободниот говор на платформата.

Суспендирањето доаѓа по опсежните демонстрации кои беа предизвикани од апсењето на почетокот на неделава на главниот политички ривал на турскиот претседател Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу.

Имамоглу беше уапсен само неколку часа пред да биде номиниран за претседателски кандидат на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Турскиот закон ѝ дозволува на владата да побара отстранување на „непожелни“ содржини.

Ова не е прв пат X да го ограничи пристапот до некои профили во земјата.

Политико, открива дека „турските власти поднесуваат околу шест пати повеќе барања за отстранување (содржини) по глава на жител“ од земјите на Европската унија.

Сопственикот на „X“, Илон Маск ја брани правилата на платформата, велејќи дека е подобро да се ограничат некои профили отколку платформата целосно да биде блокирана од турските власти.