„Илирски фестивал“ во тетовско Бозовце „слави“ „албанско-илирски идентитет“, иако за странски научници нема врски меѓу Албанците и Илирите!

„Илирскиот карневал е уникатен културен фестивал кој има за цел да ги обнови и промовира древните илирски традиции преку маски, носии и симболични обреди. Овој настан се одржува во селото Бозовце, во срцето на Шар Планина и од година во година станува важна традиција, привлекувајќи учесници од различни области на земјата и регионот. Годинава Илирскиот карневал ќе се одржи на 15 февруари, кој ќе донесе празнична атмосфера со паради, традиционална музика, уметнички изведба и други активности, кои го отсликуваат илирското културно наследство. Карактеристичните маски и носии кои се користат за време на карневалите имаат посебно значење, симболизирајќи митолошки фигури и елементи на античкиот илирски идентитет.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Кои се Илирските карневали, кои се одржуваат во селото Бозовце кај Тетово и како се прославуваат?“



Во информацијата телевизијата натаму наведува: „Организаторите на овој настан Нешад Мехмеди и Касам Арифи, во емисијата ‘Покана во студио’ на ТВ Алсат ја изразија својата среќа, што овој настан станува се позначаен, добивајќи поголемо внимание и поддршка од заедницата. Според нив, зголемениот интерес за оваа манифестација ја покажува големата желба за зачувување и промовирање на локалните традиции, претворајќи го Илирскиот карневал во референтна точка за културата и туризмот во шарскиот крај. Сепак, нагласија дека треба да имаат поголема институционална поддршка. Овој фестивал не само што ја слави илирската култура и историја, туку придонесува и за промоција на туризмот и зачувување на културниот идентитет. Со секое ново издание, Илирските карневали ја зајакнуваат својата позиција како важен културен настан и атракција за посетителите страсни за историјата и автохтоните традиции.“

„Нема докази дека Албанците се Илири, ниту дека тие владееле со територии на денешна Албанија и соседни региони.“ – ова беше суровата реакција на компанијата Х, поранешен, Твитер на тајкунот Илон Маск, од каде на 25 октомври 2024 година беа негирани јавните тврдења за Албанците како наследници на Илирите. Во таканаречените Community Notes од Твитер, кој е сопственост на поддржувачот на Доналд Трамп, се наведуваат докази дека овие тези за Албанците како наследници на Илирите се лажни.

,,Територии, кои биле управувани и окупирани од Албанците или Илирите (Прото-Алб), почнувајќи од 9 век п.н.е. до денес (со исклучок на илиро-римските императори) се: териториите на Јапигиите, Илирите, Средновековни кнежевства, Влахија и Молдавија, Албански пашалуци, Египетскиот Кедиват.” – објавил во пост мрежата Х извесен албански активист, кој беше целосно демантиран од социјалната мрежа.

„Нема доказ дека Албанците владееле (или окупирале) со некоја од овие земји, освен денешна Албанија и соседните територии. Првата албанска држава е формирана во 1913 година по Лондонскиот договор. И нема докази дека Албанците се потомци на Илирите.” – беше нагласено во демантот-забелешка на Х.

Во март 2011 година двајца австриски научни истражувачи Штефан Шумахер и Јоахим Мацингер, како што има објавено „Балкан инсајт“ во своја обемна анализа со нивни искажувања и етнолошко-лингвистички аргументи, објавена тогаш, ги шокираа Тирана и Албанската академија на науки со своите категорични констатации: „Албанците немаат никаква врска со Илирите, но иако теоријата за илирското потекло на Албанците нема повеќе универзална поткрепа во светските академии, албанската Академија на науки се уште ја подржува таа линија.“

Од споменатата статија на „Балкан инсајт“ го пренесуваме уште само овој пасус: „На научната конференција, организирана од ‘Hanns Seidel Foundation’, Мимиза Коре, професорка по лингвистика во Универзитетот во Тирана, ја бранеше теоријата за врската меѓу Албанија и Илирија, велејќи дека таа врска не е врз основа на лингвистички истражувања, туку оти таа теорија е заснована врз археолошки откритија. На оваа конференција се дискутираше и за трудовите на Шумахер и Мацингер. Несомнено клучен проблем е да се пронајдат лингвистички податоци од потомци на Илирите, а за тоа се уште нема такви извори. Се заклучува дека Илирите немале писмо, податоците за нивниот јазик и култура се фрагментни и повеќе потекнуваат од грчки и римски извори, значи од надворешни извори. Мацингер нагласува дека дека ако се споредат тие фрагментни податоци ќе се заклучи дека нема никаква врска меѓу Албанија и Илирија. Тие се две спротивни работи, што не можат да се поклопат, Албанија не е исто што и Илирија и нема никаква лингвистичка врска.“ –беа категорични двајцата австриски научни истражувачи уште пред 14 години, кои ги истражувале албанската историја и албанскиот јазик во изминатите неколку векови, напоредно со достапните и расположливи сознанија за Илирите, за кои сега се конструира дека се „антички претци на денешниот албански народ и во Македонија.“, па дури за таа цел се организираат и „Илирски фестивали“ како во тетовското шарпланинско село Бозовце.