„Со лидерот на историската партија на Албанците во с. Македонија, Демократската партија, Мендух Тачи,  ја делиме истата оценка дека да се биде во опозиција е многу голема мисија“, објави во видео порака Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата по вќчерашната средба со .. Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, во Тирана.



„Албанците во С. Македонија, клучен државотворен фактор, ќе продолжат да бидат главната гаранција за европското и евроатлантското патување на оваа соседна земја, пријател, партнер, многу важен за нас и за европската иднина на регионот“, оценува Мета.

ДПА на Мендуд Тачи е во коалиција со ДУИ во „Европскиот фронт“. .

Илир Мета е поддржувач на ВМРО ДПМНЕ и на сега актуелната македонска претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Тој во предиборието не ја криеше убеденоста во нивната победа, која им ја честиташе веднаш по изборите.