Илир Мета воодушевен од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ, промената ќе биде многу силна

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ”.



– Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија,  на тој модел,  кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови – оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

Мета изразува убедување дека победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова,  ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека, по примерот на случувањата во Македонија, треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година, пренесува албанската телевизија.

– Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот – истакнал поранешниот албански претседател