Изјава на Киро Глигоров е мото на новата сезона на „Во центар“ со Васко Ефтов (видео)

Изјавата дадена од страна на починатиот прв претседател на независна Македонија Киро Глигоров е мото на новата сезона на емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов која што од вчера започна со емитување на сезоната 2017/2018.



„Македонија е се што имаме“ е изјавата која што Ефтов ја користи како мото на новата сезона. Тој со ова мото сака да каже дека неговите гледачи не треба да се плашат од тоа што ќе го кажува и најавува туку треба заедно со него да се срамат ако сите заедно не успеат да ја задржат Македонија која што ќе функционира по асномските принципи.

Емисијата ќе биде премиерно прикажувана секоја недела od 21.45 на Алфа Телевизија.