Израелски министер: „НЕ“ за држава Палестина

„Дали да ви одговорам со еден збор? Не“,изјави изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар според кој формирање на палестинска држава „во овој момент не е реална“.



Ова беше одговор на прашањето на прес-конференција одржана во Ерусалимза изгледите за рестартирање на т.н. „Абрахамски договори“ по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и можноста за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија во замена за создавање алестинска држава.

Споменатите договори, кои ги промовираше Трамп за време на неговиот прв мандат, овозможија нормализирање на односите меѓу Израел и неколку арапски земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Мароко.

„Палестинска држава (…) би била држава на Хамас. И мислам дека таков проект денес не е реален и ние мора да бидеме реални“, рече Саар.

Ова израелскиот министер го изјави во говорот одржан по повод почетокот на вонредниот самит во Ријад на членките на Арапската лига, панарапска организација која собира 22 земји и Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), панисламска организација која собира повеќе од 50 муслимански земји.

На прес-конференцијата Сар потсети на мировниот процес во Осло кој започна во 1990-тите.

Тој процес и едностраното израелско повлекување од Појасот Газа во 2005 година според него „не само што (…) не донесе мир, туку, како што видовме, ја загрози нашата безбедност“.

Хамас ја презеде власта во Газа во 2007 година, по повлекувањето на Израел, и сега „не сакаме тоа да се случи во Јудеја и Самарија“ (името што Израелците го користат за Западен Брег, кој Израел го окупираше по 1967 година), рече Саар.

На првата прес-конференција одржана откако ја презеде новата функција пред неколку дена, Саар реч дека е важно да потсети дека, за разлика од ОН, Израел не ги смета „Јудеја и Самарија за окупирани територии, туку за спорни територии“.

Меѓу трите милиони Палестинци во Западен Брег, таму живеат неколку стотици илјади еврејски доселеници во населби кои постојано се градат…