Израел понуди да ѝ предаде оружје од руско производство на Украина, објави на Фејсбук украинскиот амбасадор Евгениј Корнијчук по средбата со израелскиот заменик министер за надворешни работи Шарен Хаскел.
Дипломатот прецизираше дека станува збор за оружје запленето во Либан „или на друго место од непријателите на Израел“.
Иницијативата е „сериозен чекор во препознавањето на заедничките закани со кои се соочуваат двете земји“, рече Корничук, додавајќи дека Киев се надева на позитивно решение.
Во ноември, Wall Street Journal објави дека израелската војска открила „големи резерви на руско оружје“ од Хезболах за време на офанзивата во јужен Либан.
Изворите на весникот велат дека дел од оружјето, вклучително и противтенковски ракети биле испорачани од Сирија во последните години.
Израелската војска првично планирала да ја уништи муницијата во процесот на уништување на инфраструктурата на милитантите, но на крајот израелските власти одлучиле да задржат значителен дел од пронајдените залихи во земјата.
По избувнувањето на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, Израел ги осуди постапките на Москва, но не се приклучи кон санкциите и одби да испорача оружје на Киев.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху, исто така, изрази загриженост дека оружјето предадено на Украина ќе заврши во посед на Иран и ќе биде употребено против Тел Авив.






