Израелската армија воспоставила „оперативна контрола“ над стратешкиот коридор долж границата меѓу Појасот Газа и Египет.
Израелски војници се стационирани во поголемиот дел од областа позната како коридор „Филаделфија“, област долга 14 километри.
Медиумски извештаи наведуваат дека во областа има околу 20 тунели кои водат кон Египет кои Хамас ги користелза шверц на оружје во Појасот Газа.
Наводно, на целиот тој простор има вкупно 82 тунели.
На почетокот на мај израелските трупи почнаа да напредуваат во делови од градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.
Тие го окупираа единствениот граничен премин кон Египет на палестинска страна.
Израелските напади на Рафа беа жестоко критикувани од меѓународната заедница бидејќи градот е дом на стотици илјади внатрешно раселени палестински лица.






