Израелското Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека наредило итно отповикување на своите амбасадори во Ирска и Норвешка. 



Потегот доаѓа како одговор на одлуките на тие две земји да ја признаат палестинската држава, дознава Ројтерс

Норвешка ќе ја признае Палестина,а ќе го уапси и Нетанјаху ако има потерница по него

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац им нареди на израелските амбасадори од Ирска и Норвешка веднаш да се вратат .

„Ирска и Норвешка имаат намера денеска да испратат порака до Палестинците и целиот свет: Тероризмот се плаќа“, рече Кац.

Тој рече дека признавањето може да ги попречи напорите за враќање на израелските заложници кои се држат во Газа и го прави прекинот на огнот помалку веројатен со „наградување на џихадистите од Хамас и Иран“.
Тој, исто така, се закани дека ќе го отповика амбасадорот на Израел во Шпанија доколку земјата заземе слична позиција.