Затвореник од Идризова, кој користел викенд, вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Центар.
Според МВР, 43-годишниот Д.С. од Гостивар, вчера околу 17 часот бил фатен од полицијата.
„Околу 16 часот и 45 минути со закани се обидел да земе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е вратено во затвор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






