Меџити до Ахмети и сопартијците: Заврши политичката фарса, а ветингот започна! Се ближи часот за одговорност!

Вицепремиерот Изет Меџити преку објава на општествените мрежи реагираше во врска со барањето на ДУИ за „ветинг“. Меџити посочи дека е веќе почнат овој процес и додава оти се ближи часот за одговорноста. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Опен-тв.мк“



Изет Меџити им возврати на Ахмети неговите сопартијци од ДУИ: „Веќе почна ветингот, проверката на политичарите, судиите и другите носители на јавни функции. ‘Црната листа’ на Стејт департментот, нашиот најважен стратегиски партнер, составена непристрасно и далеку од какво било влијание на локални актери и чинители, беше првиот сериозен чекор во оваа насока.“

„Заврши времето на демагогија и политичка фарса. Се ближи часот за одговорноста!“