Издадена наредба за апсење на Милорад Додик

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба до правосудната полиција да ги уапси претседателот на Република Српска(РС) Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, беше потврдено за Радио Слободна Европа (РСЕ).



Во наредбата за приведување се товарат дека сториле кривично дело „напад на уставниот поредок“.

Пред две недели Додик беше осуден на една година затвор поради непочитување на одлуките на меѓународниот висок претставник во Босна и Херцеговина. 

Наредбата доаѓа на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите во Република Српска планира да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формира сопствена армија и да го укинат Советот на народите.

Ова е наведено во работната верзија на новиот Устав на РС, до кој пристап имаше Радио Слободна Европа (РСЕ) и чии одредби се во спротивност со Уставот на Босна и Херцеговина.

Обвинителството издаде наредба за приведување на правосудната полиција и побара асистенција од државната Агенција за истрага и заштита (СИПА), од каде е потврдено дека е побарана помош.

Законот за кривична постапка на Босна и Херцеговина предвидува можност за издавање наредба за принудување на лице да сведочи, во случај лицето кое е повикано во правосудните институции да одбие да го стори тоа.