Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ од Битола, кој во март минатата година беше избришан од Централниот регистар поради тоа што е именуван по човек „близок до фашистичката идеологија, што е навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ“, покрена антикампања за претстојните избори во Македонија со мотото „Не гласај за никого“.
„Ние од Центарот за култура ‘Иван Михајлов’ – Битола ги повикуваме граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско потекло да го изразат нашето незадоволство и да инсистираат за промени. Претстојните претседателски и парламентарни избори во РС Македонија претставуваат можност да испратиме јасен сигнал до властите и до општеството. Во овој контекст, ве повикуваме да се приклучите на бојкотот на претстојните избори, изразувајќи го вашето категорично несогласување со политиката на неказнивост и нетранспарентност, против неправдата и дискриминацијата насочена кон македонските Бугари. На сите ни е јасно дека ниту еден од официјалните кандидати не нуди вистинско отворање на нашиот пат кон Европа“, стои во обраќањето на бугарски јазик на Фејсбук на формално непостоечкото здружение.





